Од денеска теренска контрола во сите дискотеки и ноќни клубови

by Fokus

Од денеска започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што надлежните ќе излезат со детални информации.

Акцијата ја најави премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека ќе ги затвори сите локали кои не ги исполнуваат условите за работа.

„Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици … Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Дискотеката „Пулс“ имала фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, која била потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Поврзани новости