Од денеска полициски час во Франција, рекорден број случаи на Ковид-19

by Fokus

Полициски час стапи на сила oд денеска во Париз и во другите големи градови, откако Франција прави напори да го стави под контрола алармантниот наплив на нови случаи на коронавирус.

Полицискиот час од 21 часот до 6 часот наутро ќе влијае врз околу 20 милиони луѓе и стапува на сила еден ден откако здравствените власти регистрираа повеќе од 25.000 нови случаи на коронавируст во Франција, откако само претходниот ден беа регистрираи 30.000 случаи и 122 смртни случаи.

Додека полицискиот час има широка јавна поддршка, официјалните лица во неколку градови се загрижени за големите социјални и економски трошоци за мерките коо треба да траат четири недели, но и подолго доколку здравствената состојба не се подобри.

Сопствениците на рестораните се жалеа велејќи дека полицискиот час нема многу смисла со оглед на строгите правила за социјално дистанцирање кои веќе ги применија.

Потегот доаѓа во услови кога инфекциите од коронавирусот продолжуваат да беснеат низ цела Европа.

Германија во изминатите 24 часа забележа 7.830 инфекции, што е нов рекорд, соопшти денеска институтот за контрола на болести во земјата.

Бројот на заболени на дневно ниво во Италија исто така е рекорден втор ден по ред, со 8.804 случаи.

Поврзани новости