Од денеска низ Хрватска граѓаните се движат само со дозвола

by Fokus

Од денеска во Хрватска е во сила забраната за патување во други жупании од местото на живеење или престој, а оние што сакаат да патуваат мора да имаат дозвола.

Спроведувањето на забраната за патување ќе го контролираат 800 полицајци, кои ќе влегуваат во автобусите и ќе проверуваат дали патниците имаат валидни дозволи.

Дамир Трут, помошник-министер за внатрешни работи на Хрватска, вели дека до 10 часот денес биле примени 54.000 барања за поминување, од кои 60 % биле обработени, а 60 % од нив биле одобрени.

-Повеќето барања се однесуваат на одење и од работа, околу 80 проценти, вели тој. Дел од барањето се однесува на одење на лекар, на операција, во друг округ. Дел се однесува на други барања, рече Трут.

За луѓето што уплатиле сместување во хотел, вели Трут, дозволите ги одобрува Дирекцијата за цивилна заштита.

-Добивме околу 4.000 такви барања, од специјални категории, не само за сместување во хотел… Овие барања ги разгледуваме рестриктивно, тие мора да бидат добро документирани, рече Трут.

Тој вели дека околу 500 луѓе работат на обработка на барањата.

Поврзани новости