Од април 2020 година во Канада се забрануваат пластичните сламки и кеси

by fokus

Градот Ванкувер одлучи да ја забрани употребата на пластични сламки и кеси од април следната година, со што ќе биде првиот канадски град што воведува таква забрана.

Одлуката има за цел да ја намали употребата на пластични кеси и други пластични производи, како дел од намерата на многу земји да го намалат загадувањето.

Во јуни канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека има намера да забрани употреба на пластични предмети како сламки, кеси и прибор за јадење, до почетокот на 2021 година.

Во одлуката на градскиот совет се наведува дека пластичните сламки и кеси се три проценти од годишниот отпад на плажи и дека речиси 90 отсто од пластичните производи во Канада завршуваат на депонии или во животната средина.

Употребата на пластични сламки ќе биде забранета од 22 април 2020 година, а пластичните кеси, вклучително и оние изработени од биоразградливи материјали од 1 јануари 2021 година.

Поврзани новости