Од 5.250 пријавени, 2.900 граѓани прифатиле да се вратат во Македонија со државните летови

by fokus

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов во изјава за Телма соопшти дека на повикот за враќањето на македонски државјани затекнати во странство се пријавиле 5 250 граѓани, но само 2 900 се согласиле да се вратат во земјава, со тоа што задолжително треба да одат во државен карантин и да платат цената на авиобилетот.

-Согласно заклучоците на Владата на Република Северна Македонија и Кризниот штаб на Владата, Министерството за надворешни работи беше задолжено да организира превоз, поддршка и враќање на затекнатите македонски државјани во странство. Министерот за надворешни работи имаше повик во два наврати, до нашите затекнати граѓани во странство да се пријават во соодветните ДКП-а во местото на своето престојувалиште. Повикот беше затворен во недела 22 Март во 18ч., при што се јавија вкупно 5.250 граѓани, од кои 2900 граѓани се изјаснија дека сакаат да се вратат во Република Северна Македонија, дека прифаќаат задолжително да одат во државен карантин и дека прифаќаат да ја платат цената на чинење на авио-билетот, вели Поповски.

Утре ќе бидат првите два лета, и двата авиона полетуваат во 12 ч., едниот од Загреб, вториот од Ла Валета  – Малта. Цената на чинење се утврдува на следниот начин: вчера наутро Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија упати јавен повик до авио-компаниите и тур-операторите во Северна Македонија со единствен услов, најниска цена на чинење на летот. За првите два лета тендерот го доби компанијата Wizz Аir. Летовите ќе се организираат во 12ч. од Загреб и од Ла Валета. Цената на чинење зависи од капацитетот на авионот и пополнетоста на авионот.  Добиената цена по јавниот повик се дели со бројот на патници во авионот. За Загреб имаме Airbus со 230 седишта, до сега се пријавени 226 граѓани, а за Ла Валета имаме 147, Airbus320 со 180 седишта.

Поврзани новости