Од 46 приговори до ДИК, 43 поднесени од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Државната изборна комисија до истекот на предвидениот рок од 48 часа вкупно од партиите кои учестуваа во првиот круг на локалните избори доби 46 приговори од кои најголем дел или поточно 43 се поднесени од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Преостанатите три приговори се поднесени од Алијанса за Албанците, Левица и ТМРО.

Приговорите се поднесени за самата постапка на гласање, како и за постапувањето со материјалот откако гласањето е завршено. Сега следен чекор е ДИК да ги разгледа поднесените приговори на седница која ќе ја закаже претседателот Александар Чичаковски.

ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на првиот круг на две прес конференции, едната на Никола Србов, втората на лидерот Груевски истакна дека според нив изборите биле спроведени во нефер и тензична атмосфера и дека на денот на гласањето имале информации за бројни нерегуларности.

Поврзани новости