Од 405 евидентирани гласачи, на едно избирачко место гласале 408

by fokus

Државната изборна комисија донесе одлука за поништување на гласањето и разрешување и дисциплински мерки против надзорната комисија на избирачкото место 2564 во општина Ѓорче Петров.

ДИК истакна дека во гласачката кутија имало три гласачки ливчиња повеќе од вкупниот број гласачи, односно од 405 евидентирани гласачи имало дури 408 гласа.

Прегласување на ова место нема да има, бидејќи бројот на гласови не може да влијае на исходот од првиот круг.

Поврзани новости