Од 330 илјади ревакцинирани, со ковид се заразиле само 92-ца, вели Филипче

by fokus

Од 330 илјади граѓани кои примиле и втора доза на вакцината против корона вирус, со вирусот се заразиле само 92-ца или 0,02 проценти, вели министерот за здравство, Венко Филипче и уште еднаш испрати апел до граѓаните да се вакцинираат.

Според податоците што тој ги соопшти денеска се очекува да ја надминеме бројката од 500 илјади вакцинирани со една доза. Најмал интерес за вакцинација имало во помалите градови во источна Македонија, додека во Охрид и Битола интересот за вакцинација бил висок.

Тој најави затворање на салата „Борис Трајковски“ каде се спроведуваше масовната вакцинација, која ќе продолжи во здравствените домови низ градовите. Вели дека затворањето не е ниту заради помал интерес за вакцинација, ниту заради годишни одмори, туку дека веќе се ревакцинирале граѓаните кои примија прва доза токму во салата „Борис Трајковски“. Досега вакцинирани биле 630 деца на возраст од 12 до 18 години.

Поврзани новости