Од 22 до 82 години имаат пациентите на ковид одделот во Кавадарци

by fokus

Зголемениот број на лица позитивни на корона вирус во Кавадарци, повторно го наполни ковид одделот во кавадаречката болница.

Ако до пред две недели бројот на хоспитализирани пациенти беше во опаѓање, изминатиот период тој е во константен пораст.

-Во овој момент на нашето ковид одделение се хоспитализирани 42 пациенти. Тие се на возраст од 22 до 82-годишна возраст. На континуирана кислородна поддршка се 21 пациент – ни изјави директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

Во тек на вчерашниот ден беше регистриран еден починат пациент, 74-годишен маж од Неготино, со сериозни коморбидитети. На одделението се хоспитализирани пациенти од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.
Слободни се 18 кревети.

Според вчерашниот извештај на МЗ, во Кавадарци се активни 431 случај, во Неготино 88, и 40 во Демир Капија.
Од почетокот на пандемијата со вирусот во Тиквешко се инфицираа 4.242 лица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости