Од 1 јули Грција го отвора и граничниот премин Ники-Меџитлија

by Fokus 10:33
10:33

Градоначалникот на грчката општина Преспа, Панајотис Пасхалидис, преку објава на Фејсбук најави отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија, јавува МИА од Атина.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники“, напиша Пасхалидис.

- Advertisements -

И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Засега, од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

 

 

Поврзани новости