Од 1 декември Шведска воведува здравствена пропусница

by fokus

Шведска воведува дигитален сертификат за антивирусна вакцинација за јавни собири и настани со повеќе од 100 луѓе во затворени простории, соопштија властите на таа земја. Овој потег следи по слични чекори на другите земји од ЕУ со неодамнешниот скок на коронавирусот во Европа.

„Ова е тешка вест за објавување, сите сакаме да заврши пандемијата“, рече министерката за социјални работи Лена Халенгрен, додавајќи дека потврдата ќе почне да се применува на 1 декември.

Шведска претходно се разликуваше од другите европски земји во нејзиниот релативно ненаметлив одговор на пандемијата. Министерката за култура Аманда Линд рече дека нема да биде задолжително да се покаже сертификат за вакцинација, но оние кои не можат да го покажат ќе мора да следат одредени ограничувања. За ограничувањата ќе одлучат организаторите на настанот. Во рестораните засега нема да се бара потврда за вакцинација.

Земјата официјално регистрираше 15.107 смртни случаи од коронавирус, од кои 13 вчера. Според официјалните податоци, 85,3 отсто од населението постари од 16 години ја примиле првата доза од вакцината, а 81,7 отсто имаат две дози.

Поврзани новости