Од 1 април минималната плата во Грција ќе е 780 евра

by Fokus

Од 1 април, минималната плата во Грција ќе се зголеми за 9,4 отсто и ќе изнесува 780 евра. Ова денеска го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објаснувајќи дека ова е трето зголемување.

Мицотакис, за време на денешниот состанок со надлежните министри истакна дека од 2019 година, кога изнесуваше 650 евра, минималната плата од следниот месец ќе се зголеми на 780 евра, а зголемувања ќе има и на надоместоците за невработените и на останатите бенефиции за вработените.

Министерот за труд и социјални прашање на Грција, Костис Хаѕидакис детално и практично ги објасни владините одлуки и потенцираше дека минималната плата се зголемува од 713 на 780 евра, надоместокот за невработените ќе биде 479 евра, додека пак паралелно се зголемуваат и 19 други додатоци.

Поврзани новости