Од 1.990 денари до 5.990 денари се влезниците за скопскиот концерт на Брајан Адамс

by Fokus

Влезниците за интимниот концерт на канадската музичка ѕвезда Брајан Адамс, кој ќе се одржи во СЦ Јане Сандански во Скопје на 27-ми април, се пуштени во продажба.

Како што информира организаторот на настанот, Авалон Продукција, се работи за настан на кој ќе можат да присуствуваат само 2.500 луѓе, и сите влезници биле за седење.

Најниската цена на картите е 1.990 денари, има влезници и од 2.990 денари, 3.990 денари, 4.990 денари, а најскапите се 5.990 денари, во зависност од категоријата.

Концертот е со акустична програма, која Адамс ја изведувал само десетина пати годишно.

Ова ќе биде негов втор концерт во Македонија, откако во 2019 година настапи во Арена Борис Трајковски.

Тогаш влезниците за концертот се продаваа по цени од 1.990 денари, до 4.000 денари за ВИП седишта, а во ВИП делот може да се забележат голем број на своевремено актуелни политичари, помеѓу кои тогашниот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица, тогашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска со сопругот Божидар Јанковски, тогашниот заменик министер за економија Кирил Колемишевски и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости