Очната лекарка што го оштети видот на околу 50 пациенти повеќе од три години е на боледување

by Fokus 14:00
14:00

Очната лекарка од Градската болница „8 септември“, за која „Фокус“ веќе пишуваше дека со ласерска операција на перде им го оштетила видот на повеќе од 50 пациенти веќе три години е на боледување и не се појавува на работа.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди и директорот на болницата, Сашо Стојчев, кој истакна дека очната лекарка веќе подолг период не е на работа и дека во нејзино име се носат боледувања на работното место.

- Advertisements -

Директорот, пред три години и забрани на лекарката да оперира по најновата фако метода, при што беше испратена на обука во странство. Таа експресно поднесе тужба против против првиот човек на болницата за тоа што и забранил да оперира, откако претходно во извештајот на Комисијата за стручен надзор пишуваше дека поради постоење на постоперативни компликации се гледа дека очната лекарка не ја совладала техниката.

Во последните две години, против неа има поднесено неколку приватни тужби од пациенти за несовесно лекување, а нивниот број продолжува секојдневно да се зголемува.

Пациентите се надеваат дека ќе ја истераат правдата до крај, но нивните документи веќе година и пол се чуваат во архивите на Основното јавно обвинителство.

„Фокус“ пред четири години објави серијал на текстови за очната лекарка, која со ласерска операција на перде го оштети видот на преку 50 пациенти.

И.М.

 

Поврзани новости