Обвинувања за шпионажа, „Ербас“ осомничен за оддавање на тајни за германската армија

by fokus

Истражители проверуваат дали вработени во Ербас дале на трети страни тајни документи за германската армија. Ербас се соочува со големо нарушување на имиџот – и можно откажување нарачки, објавува Дојче Веле.

Досега се само сомневања. Но, доколку се докажат, тоа би можело да биде голема шпионска афера. Бидејќи станува збор за најголемиот европски авиоконцерн Ербас, кој исто така конструира и авиони за германскиот Бундесвер. Вработени во компанијата наводно илегално земале планови за два проекта за вооружување на Бундесверот и им ги дале на трети страни. Најверојатно се работи за нови воени комуникациски системи. Јавното обвинителство зборува за предавство и издавање деловни тајни, но не и за воена тајна. Се чини безбедносно-политичкото значење не е огромно.

Според јавното обвинителство во Минхен, Ербас сам се вклучил и стапил во контакт со правосудините органи кога се појавиле сомневањата за тајно споделување информации, а компанијата спровела внатрешна истрага. Информирано е и Министерството за одбрана. Најмалку 17 вработени во Ербас се под истрага. Вклучена е и една адвокатска канцеларија. Истрага се спроведува и во Бундесверот. Според информациите на весникот „Билд“, има сомнеж дека е вмешан и армиски соработник. Против него се покренати и дисциплински мерки. Министерката Анегрет Крамп-Каренбауер досега не може или не сака да даде детали:

„Сѐ уште не ми се доставени никакви докази.”

Поврзани новости