Обвинителството се уште тактизира, не открива дали побарале притвор за насилниците

by fokus

По соопштението на Министерството за внатрешни работи за превземените активности за расчистувањето на случајот со насилството во Собранието, се огласија и од Основното јавно обвинителство Скопје.

-Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент се идентификувани петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието на РМ. До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува, се наведува во соопштението на ЈО.

Оттаму додаваат дека досега се сослушани и поголем број лица, припадници на полицијата.

-Сослушувањата кои се во тек ќе продолжат во функција на целосно документирање на кривично-правните настани во Собранието на РМ. За натамошните постапувања на надлежен јавен обвинител по пријавата и донесените јавнообвинителски одлуки, дополнително во текот на денешниот ден јавноста ќе биде информирана, велат од Обвинителството.

Од Обвинителството недостасува информација дали за некој од кривично пријавените побарале мерка притвор.

Поврзани новости