Обвинителството се премисли, Вранишковски не излегува од затвор

by lali 14:52
14:52

Во последен момент Јавното обвинителство се премисли за условниот отпуст за Вранишковски и поднесе жалба на решението на Основниот суд Скопје 1. Денеска беше последниот ден предвиден за жалби и иако беше извесно дека Вранишковски ќе го напушти затворот во Идризово, сепак сега одлуката за условен отпуст е во Апелација.

Зошто обвинителството се премисли? Да потсетиме дека на 12 јануари истото обвинителство преку соопштение извести дека расчинетиот владика ги исполнува условите да излезе на слобода. Во соопштението од пред една седмица беше напишано:

- Advertisements -

„Имајќи во предвид дека осудениот издржал повеќе од половина од затворската казна на која е правосилно осуден, а штетата која била причинета со дејството на Јован Вранишковски за која е правосилно осуден е надоместена , Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови спрема осудениот Јован Вранишковски да се примени институтот Условен отпуст.“

Како и зошто после ваков јасен и јавно соопштен став се премисли обвинителството е непознато. По поднесувањето на жалбата сега предметот оди во Апелација за да се одлучи дали Вранишковски ќе излезе или пак ќе остане на издржување на казната. Тој има одлежани три години од вкупно пет и  пол, но како аргумент надлежните го користат и неговото примерно однесување. Сепак, тој денеска, иако се очекуваше, нема да излезе од затвор.

 

Поврзани новости