Обвинителството побара притвор за осомничениот за убиството во Ѓорче Петров

by Фокус

„По извршениот увид од надлежниот јавен обвинител и по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Скопје против едно лице донесе Наредба за спроведување истрага за кривично дело – Убиство од чл.123 од КЗ. Против осомничениот ќе биде поднесен и предлог за определување мерка притвор до надлежен судија на претходна постапка“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Во моментот се чека осомничениот да биде спроведен до Основниот суд Скопје 1, каде што судијата на претходна постапка ќе одлучи дали ќе му одреди притвор.

Немилиот настан се случи вчера во скопската населба Ѓорче Петров, околу 17 часот, кога според информациите од МВР, Ангел и неговиот татко забележале крадец во нивниот двор, кој сакал да го украде велосипедот. Откако го спречиле крадецот, со автомобилот тргнале да го бркаат, по што го пристигнале кај болницата Св. Лазар и тргнале пешки. Кај пешачкиот мост во Сарај го стигнале осомничениот, настанала вербална расправија и тепачка, по што Н.Е. извадил остар предмет, најверојатно нож и со два убоди во десниот граден кош го усмртил младото момчето.

Поврзани новости