Обвинителството отвори 13 предистражни постапки за изборни нерегуларности

by fokus

Основното јавно обвинителство отворило 13 предистражни постапки поради сомнеж за изборни нерегуларности, истакна на денешната прес конференција в.д. републичкиот јавен обвинител Џељаљ Бајрами.

-За шест предмети постои основано сомнение за извршени изборни нерегуларности, како поткуп, злоупотреба на избирачко право и сл, а отворени се и дополнителни седум предмети, но за нив постапката е во фаза на прибирање на материјални докази, истакна обвинителот Бајрами.

Тој со јавноста не сподели повеќе детали, бидејќи како што напомена предистражните постапки се тајни, но на новинарско прашање одговори дека дел од пријавите пристигнале и од политички партии. Бајрами додаде дека до побвинителството пристигнале поголем дел на пријави, но дел од нив не биле основани.

Поврзани новости