Обвинителството му го одзема телефонот на Зекиров, ќе утврдува со кого комуницирал на крвавиот четврток

by fokus

Обвинителството за организиран криминал преку мобилниот телефон ќе утврдува кој и зошто го повикал Ален Зекиров во Собранието, кој тврди дека требало да обзебеди висок функционер за време на крвавите насилства во Парламентот, објави Телма.

Зекиров е инспектор во 6-тата управа на МВР и поранешен бодигард на Сашо Мијалков, чиј син Јордан ден пред распитот и пред да ја добие поканата заминал од државата.

Обвинителството го запленило мобилниот телефон на Ален Зекиров кој во четвртокот за првпат сведочеше за собраниските инциденти на 27-ми април. Извори од истрагата велат дека преку телефон ќе се проверува комуникацијата на Зекиров за време на насилствата во Парламентот.

Поврзани новости