Обвинителството изврши увид во домот на убиената лекарка, најдените траги се на вештачење

by fokus 11:07
11:07

Основното јавно обвинителство – Скопје информира дека извршило увид во станбен објект на улицата „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје, и работи на утврдување на причините за нејзината смрт.

 Како што информира обвинителството при увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот. Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и се дадени на вештачење.

- Advertisements -

„По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на лице место. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти. Во континуитет се сослушуваат лица кои би можеле да помогнат во расветлување на настанот“, информира ОЈО.

Поврзани новости