Обвинителството издаде наредба за приведување на 15 насилници, МВР ги бара

by fokus

Вечерва Основното јавно обвнителство Скопје издаде наредба да се приведат 15 учесници во насилствата врз пратениците, новинарите и полицајците, а МВР веќе постапува по тоа барање, неофицијално дознава „Фокус“.

Осомничените, штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат однесени во полициска станица, а потоа ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, по што ќе биде познато дали ќе им се одреди притвор или некоја друга мерка.

Претходно МВР испрати писмо до Основното јавно обвинителство со кое бара под итно да се повикаат на сослушување и да им се одредат мерки за обезбедување на четири лица за кои се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на насилството врз пратениците кое се случи во четвртокот во Парламентот.

Неофицијално станува збор за Б.Д,  Б.И, В.Ј.и И.Д.

Поврзани новости