Обвинителството гони 36 лица за загрозување на уставниот поредок на 27 април

by Фокус 10:28
10:28

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршило предистражната постапка за насилствата во Собранието од 27 април оваа година и отворило истрага против вкупно 36 лица поради основано сомневање за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во соопштението не се наведени лицата што се осомничени, но веќе објавивме дека станува збор за поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, претседателот на велешкото здружение Ќосето, Горан Ангелов и други кои учествуваа, овозможија или на било кој начин беа поврзани со насилството во парламентот.

- Advertisements -

Во моментов, тие се во Кривичниот суд каде даваат исказ пред судија на претходна постапка. Од Обвинителството засега нема информации дали и какви мерки за обезбедување присуство бара да им одреди судот на осомничените за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. За ова кривично дело, според Кривичниот законик, е предвидена казна од најмалку десет години.

Поврзани новости