Обвинителството го приведе Трајко Вељановски за крвавиот четврток

by Fokus

Поранешиот спикер Трајко Вељановски е приведен за настаните од 27 април, потврдуваат за „Фокус“, од Обвинителството за организиран криминал.

На Вељановски во обвинителството ќе му се презентира што му се става на товар, но тој вечерва не може да биде ставен во притвор бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.

Пратеникот е уапсен како осомничен во истрагата која обвинителството ја води за организаторите на насилниот упад во Собранието.

Не е прв пат да се спомене името на Вељановскиво контекст на “Крвавиот четврток“, бидејќи во судница се читаа негови смс пораки.

На едно од рочиштат, бвинителката Вилма Русковска рече дека ќе се започне со телефонот на Трајко Вељановски, кој не е меѓу обвинетите за овој случај, но очигледно е важно за обвинителството со кого и што разговарал.

Како што појасни обвинителката, ќе се презентираат пораките на Вељановски кои ги праќал на вибер во периодот од 3 февруари 2017 година до 12 мај 2017 година, и смс  пораки во период од 23 февруари 2017 година до 29 април 2017 година.

Критичниот ден на 27 април, во 17.48 часот му праќа порака на шефот на собраниското обезбедување Горан Ѓошевски со содржина “бидете на штрек”. Веднаш по една минута добива пораки од Ѓошевски со содржина: “Да”. Потоа му вели “Сите знаат и од МВР.

Потоа Ѓошевски му пишува: “Пред сала се сите од внатрешно обезбедување”.

Во 18.04 часот Вељановски пак му пишува на Ѓошевски и му вели:” Кажи им на внатрешна двајца-тројца да влезат внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место”.

В.В.

Поврзани новости