Обвинителството ги чешла министерствата за економија и образование, Македонија пат и општина Кочани, по дојава на ДЗР

by fokus
Јавното обвинителство отворило постапки за седумте извештаи што до нив ги доставил Државниот завод за ревизија. Станува збор незаконитости што државниот ревизор ги утврдил во Министерството за економија, Министерството за образование и наука, општина Кочани и Македонија пат.
„Веднаш по добивањето на Извештаите од ДЗР започнато е со постапување по предмедметите , па така издадени се низа наредби до Министерството за внатрешни работи, до Управата за финансиска полиција и други институции за прибирање на докази и известувања и активно презема дејствија за расветлување на наводите содржани во извештајот.“ – велат од Јавното обвинителство.
Ревизијата покажува дека во министерството за економија не функционирал системот за евидентирање на вработени. Една и пол година вработен редовно добивал плата иако за него воопшто нема евиденција дека некогаш дошол на работно место. Во користењето на службените мобилни телефони утврдено е дека вработените ги пречекориле дозволените износи за вкупно 11 илјади евра, што министерот ги одобри, па паднале на товар на минисерството.
За јавното претпријатие Македонија пат ревизорот ревизорот утврдил дека претприајтието има неподмирени обврски од 11,6 милиони евра спрема добавувачите и обврски за неплатен ДДВ. Констатирани се грешки во тендерската документација при јавните набавки и во спроведување на постапките што отвора можност за фаворизирање на одредени оператори.
Финансиските извештаи кои се одговорност на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски, не ја прикажуваат вистинито и објективно финансиската состојба во општина Кочани за 2014 година, вели државниот ревизор. Констатирано е дека привремените вработувања во општина укажуваат на намалена транспарентност и субјективност при изборот на лицата.
Во случајот со Министерство за образование ревизорот утврдил дека вработените потрошиле 203.000 евра за хотели, ручеци такси превози без оправдување за каква намена. 110.000 евра биле исплатени за плати и хонорари на лица кои воопшто не се појавувале на работа.

Поврзани новости