Обвинителството бара казни за две масовни прослави

by fokus

Јавното обвинителство против едно физичко и едно правно лице поведе постапка за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Обвинетото правно лице – ресторан и неговиот управител на 18.08.2020 година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за превенција и заштита на населението од заразни болести. Имено, при контрола од Државниот пазарен инспекторат во ресторанот било утврдено дека спротивно на протоколот за работа на угостителските објекти, во две целосно затворени сали на ресторанот се организирале прослави и се послужувале гости. Во едната сала била организирана свадба со околу 150 лица, а во другата – прослава со околу 20 лица“, соопштија од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за издавање казнен налог со кој предложи на обвинетиот управител да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, додека правното лице да биде казнето со парична казна од 300.000 денари.​​

Поврзани новости