Обвинителството бара 30-дневен притвор за ексминистерот Бектеши и уште тројца функционери од Министерството за економија

by Fokus

Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за ексминистерот за економија Крешник Бектеши и за уште тројца раководни лица од Министерството за економија.

Притвор се бара и за поранешната државна секретарка Размена Цекиќ, како и раководителот Беким Хаџиу. Истрагата поврзана со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59, а повердени се над 150 луѓе, опфаќа повеќе од 20 осомничени.

Претходно, притвор беше побаран за седуммината полициски службеници.

Вечерва во судот беа донесени и тројца поранешни градоначалници на Кочани – Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка, Ратко Димитровски и Николче Илијев.

Поврзани новости