Обвинителствот три години го истражува пропаднатиот попис!

by fokus

На крајот, ниту населението се преброи, ниту јавноста ја дозна реалната сума која се потроши. Сепак, од обвинителството за „Фокус“ објаснија дека предметот сѐ уште е отворен и дека се работи, но и по три години, се без конкретни одговори.

-Предметот за кој прашувате  е во фаза на истражување. Надлежното Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во насока на утврдување на  фактите и доказите во предметот, се обрати и до Министерството за внатрешни работи со цел прибирање на информации, накусо објаснуваат од Основното јавно обвинителство.

Од МВР, пак, не добивме одговор до каде се со истрагата, бидејќи потпаролот Иво Котевски заминал на годишен одмор.

Обвинителството треба да утврди колку точно пари се потрошија и дали дел од нив се злоупотребени. Државниот завод за статистика испрати финансиски извештај до Владата, но од таму не обзданија колку точно пари отишле во ветер.

Она што со сигурност можеме да го потврдиме е дека неуспешниот попис изгоре 738.000 евра. До оваа сума стигнавме следејќи ги тендерите, кои Државниот завод за статистика ги склучил за потребите на пописот, а ги објавил на сајтот на Бирото за јавни набавки. За печатење на материјалите, и обезбедување на останатите материјали, како папки и слично, биле потрошени 590.000 евра. Над 41.000 евра чинеле чантите, во кои пописниците ги носеле материјалите. И тоа не беше се. Над 100.000 евра се потрошија и за изработка на маркетинг кампања, со која населението требаше да се убеди зошто е добро сите да се попишеме.

За пропаднатиот попис недостасуваше и официјално образложение, но затоа кружеа шепекулации. Наводно на лидерот на ДУИ, Али Ахмети инсистирале да се попишат сите Албански иселеници, иако повеќе од една година не стапнале во Македонија, што беше, пак, спротивно на законот. Македонскиот врв, пак, наводно стравувал од откривањето на бројката на иселениците, кои во последните години масовно ја напуштаат државата, од падот на наталитетот и од енормната невработеност.

Очигледно е дека попис нема да има ниту годинава, бидејќи средства за оваа намена не се прдвидени во Буџетот за 2014 година.

Затоа граѓанскиот сектор ја презеде иницијативата во свои раце. Со организирање на проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“, зад кој стојат НВО Инфоцентар, Македонски центар за европско образование, 8-ми Септември и Центар за развој на медиуми, активно работат на терен за да ја подигнат свеста за неопходноста на пописот.

 

Поврзани новости