Обвинителство: Сѐ уште нема осомничен за тројното убиство во Дебар

by fokus 14:32
14:32

За тројното убиство што вчера беше извршено во Дебар сѐ уште нема осомничен, информираат од обвинителството. Оттаму појаснуваат дека бил извршен претрес во неколку домови и биле земени парафински ракавици.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар раководеше со увидот на лице место во семејна куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, беше извршено убиство на тричлено семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка. Притоа, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите лица, како и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.

- Advertisements -

По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело. Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот, информираат од обвинителството.

Поврзани новости