Обвинителство отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

by fokus

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Бугарија.

„Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството.

Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот.

-Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан., велат од обвинителството.

Поврзани новости