Обвинителство: Кривични пријави против петмина поранешни градоначалници

by fokus

Управата за финансиска полиција поднесе пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице, информира Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик. Кривичните пријави се проучуваат за донесување на понатамошна јавно обвинителска одлука “, се вели во соопштение од обвинителството.

 

Поврзани новости