Обвинителство го истражува случајот со невестата со пушка

by Fokus

Јавното обвинителство отворило предмет во врска со употребата на оружје на свадба од страна на вработена во МВР, случај кој во последните неколку дена предизвика низа негативни реакции на социјалните мрежи, откако опозицискиот СДСМ објави слика од невестата со оружје во рака.

Од таму велат дека по написите во медиумите, веќе отвориле предмет за овој случај.

– Во повеќе медиуми се пишуваше за свадбена веселба на која е употребено оружје, како и за други настани на кои истото оружје е користено и каде има индиции и за евентуално сторени кривични дела, затоа јавното обвинителство потенцира дека за овие настани веќе има отворено предмет пред неколку дена. Во насока на расветлување на настаните и утврдување на поседувањето, употребата на оружјето, како и можно вршење на други кривични дела, обвинителството презема дејствија, меѓу кои е и испратена Наредба до Министерството за внатрешни работи за натамошно постапување – се наведува во соопштението од ОЈО.

Поврзани новости