Обвинителката Јосифовска денеска сведочела за случајот „Рекет“

by fokus

Обвинителката Елизабета Јосифовска која е дел од тимот на СЈО, денеска била да сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со истрагата за „Рекет“, дознава „Фокус“ од извори од обвинителството.

Специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска пред неколку дена се појави во јавноста и потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за да му се одобри времен пасош на осомничениот во случајот „Империја“, Орце Камчев, но по барање на шефицата Катица Јанева.

Таа појасни дека во отсуство на шефицата на СЈО, Јанева, која била на одмор, таа ја заменувала и ги потпишувала сите документи.

Јосифовска вели дека мислењето за пасошот на Камчев била одлука на Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише.

– Тоа е нејзина одлука изготвена по нејзин налог,  јас технички сум ја потпишала под нејзиното име  и ние како помошници на специјалниот јавен обвинител не можеме да ги менуваме нејзините одлуки – вели Јосифовска.

По Јосифовска, во текот на утрешниот ден ќе сведочи и обвинителката Лиле Стефанова.

Валентина Вурмо

Поврзани новости