Обвинителите го почнаа увидот во Собрание од вратите кои ги отворија Мукоски и Василевски

by fokus

Денеска истражители и обвинители од организиран криминал биле во собранието да извршат увид на локациите каде се случил упадот и каде се движеле групите демонстранти, објави Телма.

Од Собранието потврдија дека денеска е извршен увид за крвавите настани. Обвинителите ја почнале прошетката и проверката првин на двете централни собраниски врати кои на 27-ми април ги отворија пратениците Сашо Василевски и Крсто Мукоски.

Припадници на собраниското обезбедување им објаснувале каква е процедурата за отворање на вратите. Преку нив влегоа стотици демонстранти, од кои најагресивните стигнаа до прес салата каде беа нападнати пратениците на владеачкото мнозинство. Истражителите ја посетиле и прес салата на Парламентот, каде е утврдено дека нема безбедносни камери.

Покрај тоа претставниците на истрагата биле и во холот на собранието и во главната пленарна сала. Увид бил извршен и во сите простории за кои има виедо снимки или сознанија дека биле демолирани или уништени од демонстрантите.

Поврзани новости