Обвинетите во „Змиско око“ една деценија ја чекаат правдата

by fokus

Судeњето за „Змиско око“ денеска се одложи за 1 февруари 2018 година, бидејќи одбраната поднесе барање за судење во разумен рок до Врховениот суд, зошто и по една деценија случајот никако да заврши.

Минатата година Апелацискиот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд Скопје и предметот го врати на повторно судење.

Европскиот суд за човекови права во 2010 година одлучи дека обвинетите во „Змиско око“ неправедно биле држани во притвор и на Република Македонија и се наложи да им исплати отштета.

Врховниот суд до 1 февруари треба да донесе одлука и потоа предметот да го достави до Кривичниот суд Скопје.

Во овој судски процес, што трае 10 години, обвинети се вкупно 71 лице.

Поврзани новости