Обвинетите бараат одложување на Титаник, не успеале да направат увид во доказите распослани на 25.000 страници

by fokus

Адвокатите на обвинетите во Титаник, од кои повеќето до неодамна беа дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се одложи денешното судско рочиште бидејќи не успеале да направат увид во сите докази.

Адвокатите потенцираа дека станува збор за доказен материјал распослан на 25.000 страници, па затоа не успеале во целост да направат увид.

Обвинителката Лиле Стефанова пак, појасни дека таа уште за време на истрагата им овозможила услови за да направат увид во доказите и тоа постепено како ги прибирала истите.

„Адвокатите ги праќаа стручните соработници кои иако може да вршат увид во рок од осум часа секој ден, сепак тие тоа го правеа по три часа“, рече обвинителката Стефанова.

Таа додаде дека предлогот на одбраната за увид во доказите е даден само за да се одолговлекува постапката.

В.В.

Поврзани новости