Обвинети во случаи на СЈО и ОЈО ќе си останат во МВР, бидејќи не аплицирале за АНБ?

by fokus

Обвинети вработени во расформираната УБК ќе си најдат работно место и државна плата во МВР затоа што не конкурирале на огласот за вработување во Агенцијата за национална безбедност АНБ, пренесува телевизија Телма. Таквото законско решение го искористиле повеќе обвинети во случаите Тврдина Таргет, Тврдина 2 и Трезор на СЈО, но и во случаи на обичното обвинителство.

За место во АНБ не се пријавиле ниту бегалците од 5-тата Управа Горан Грујовски и Никола Бошкоски, но не се знае дали тие ќе останат во МВР каде имаа отворено дека поради судски работи не може да доаѓаат на работа или во меѓувреме добиле отказ.

За агенти во новата АНБ се пријавиле и неколкумина вмешани во собраниските инциденти на 27-ми април, но не ги помиале безбедносните тестови и сега и по учеството во кравиот четврток тие ќе останат во државната администрација, затоа што таков е законот. Дека обвинети нема во новиот кадар на АНБ потврди и директорот на службата, откако не се пријавиле на огласот со што си обезбедиле трансфер во МВР.

Поврзани новости