Обвинета за фалсификување ПЦР тест, казната до 2.000 евра

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

-На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, притоа прикажувајќи фалсификувана исправа – лажен медицински сертификат за негативен ПЦР тест на SARS-CoV-2 вирусот, информираат од скопското обвинителство и додаваат дека таа иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија ден претходно и дека не и бил издаден негативен резултат на ПЦР тестот, таа пред овластените службени лица ја прикажала медицинската потврда како вистинита.

Јавниот обвинител предложи Судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

 

Поврзани новости