Обвинет во „Шпион“е хоспитализиран и задржан на болничко лекување, судењето одложено за 27 јуни

by Fokus

Судењето за предметот „Шпион“ на СЈО е одложено за 27 јуни во 10 часот поради не присуство на првообвинетиот Маријан Ефремов на рочиштето.

Како што информираа неговите адвокати, Ефремов на 15 мај е хоспитализиран и задржан на болничко лекување.

Одложувањето на рочиштето е на подолг рок за да им се овозможи на адвокатите да ги разгледаат дополнителните докази што денеска ги достави СЈО.

Поврзани новости