Обвинение за убиство во Арачиново-освета за кавга за напасување на добиток

by fokus

Скопското обвинителство поднесе обвинение за убиството што се случи во август минатата година во Арачиново, кога беше убиен Зилбехар Ајвази.

Убиството се случи на 18 август минатата година во селото Мојанце, Арачиново. Дента најпрвин се скарале братот на убиениот и таткото на убиецот и почнале да се расправаат за местото за напасување на добиток. Таткото се здобил со повреди и за ова ги известил своите синови.

Еден од синовите го зел автомобилот „фолксваген голф“ и заминал кон куќата на семејството Ајвази. Кога стигнале таму, обвинетиот преку отворениот прозорец на совозачкото седиште на автомобилот испукал два куршума во правец на сега Зилбехар и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда – устрелна рана. Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“– Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. На 9 септември неговата состојба се влошила и поради обилно крварење во стомачната празнина и Ајвази починал.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. Притоа, обвинителот особено го ценел фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за сопствениот идентитет.

Поврзани новости