Обвинение за скопјанец за поседување речиси 20 килограми марихуана

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43-годишен скопјанец за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба држел 19,98 килограми наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи. При претрес на автомобилот, полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата.

– Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото кое му се става на товар, се наведува во соопштението.

Поврзани новости