Обвинение за гостиварецот кој со секира и нож ја уби сопругата

by fokus

Обвинителството информира дека е поднесено обвинение против 67-годишен маж од Гостивар, кој на свиреп начин ја убил својата сопруга.

-По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точки 1 и 2 од Кривичниот законик.

На 09.09.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга.

Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба каде седела сопругата и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото, информираа од обвинителството.

Оттаму додаваат дека јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.​​

Поврзани новости