Обвинение за гинекологот кој лажел пациентки дека се бремени

by fokus

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против Н.Д., по професија доктор специјалист по гинeкологија и акушерство, кој во периодот од септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување.

Обвинетиот се товари дека сторил кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ни „фалсификување на исправа“.

„Лекарот иако знаел дека оштетената не е бремена, врз неа вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање. Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката осомничениот најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост“, велат од скопското Јавно обвинителство.

Поврзани новости