Обвинение за едно лице кое во декември со нож усмрти кичевец во негов ресторан

by fokus

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесен Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 29.12.2018 година околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот. Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.

Истовремено со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Поврзани новости