Обвинение против управниот судија Мустафа Шахини

by fokus 15:10
15:10

Обвинителството поднесе обвинение против судијата од Управниот суд, Мустафа Шахини кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетил буџетот за 197 илјади евра.

Судскиот совет му го одзеде судечкиот имунитет, за непречено да се води постапката за денационализација за кој е осомничен. Судијата Шахини се товари дека додека бил претседател на судечки совет кој решавал за денационализација на земјиште на крајбрежјето на Охридското езеро во Струга, а претходно за истиот предмет бил адвокат на тужителите.

Но и покрај тоа не побарал изземање од претседателот на Управниот суд. Паралелно, поднесената тужба била неуредна, а судијата Шахини не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, туку продолжил да работи на предметот. Според Обвинителството, донел правосилната пресуда со што противзаконски на двајцата тужители им овозможил државното земјиште да го приватизираат, а на државниот адвокат не му дал можност поднесе жалба.

- Advertising -

Спорниот имот од моментот на започнување на истражната постапка е обезбеден со Решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка – забрана за отуѓување.

Поврзани новости