ОБСЕ: Пропусти со пребројувањето на гласовите

by fokus

-Изборите се одвиваа во атмосфера на недоверба на јавноста во институциите и политичкото уредување. Наводи за заплашување гласачи, широко застапен притисок врз јавните службеници, купување гласови, принуда и злоупотреба на административни ресурси беа присутни во текот на целата кампања. – ова е посочено во извештајот за изборите во Македонија на ОБСЕ/ОДИХР.

Од таму потенцираат дека овие дејства се спротивни на заложбите на ОБСЕ и стандардите на ЕУ. Освен изборни нерегуларности како заплашување и поткуп, OBСЕ забележува и пропусти во пребројувањето на гласовите.

-Набљудувачите на меѓународната набљудувачка мисија за избори го оценија процесот на броење како ефикасен и транспарентен. Меѓутоа, забележани беа сериозни процедурални пропусти во голем број на гласачките места и броењето беше негативно оценето во 10 набљудувани Избирачки одбори. Тоа првенствено се однесува на постапките пред отварањето на избирачките кутии, вклучително и броењето на бројот на потписи и неискористени гласачки ливчиња, и верификувањето на бројот на безбедносни ленти за гласачки кутии. По броењето, 16 наблудувани И.О имале потешкотии при пополнувањето на протоколите за резултати, а 14 Избирачки одбори не ги следеле процедурите за пакување чуствителен материјал и гласачки ливчиња- стои во првичната Изјава на набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР.

Поврзани новости