ОБСЕ: Останува да се реши прашањето со избирачкиот список

by Фокус

Прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори, порача мисијата на ОБСЕ во Скопје, по вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија за сомнителни гласачи.

“Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен предуслов за веродостојни избори“, сметаат од организaцијата која ги набљудува и оценува изборите.

Поврзани новости