ОБСЕ: Организирано гласање, небалансирана МТВ, контролирани медиуми…

by Фокус 14:16
14:16

Основните слободи беа почитувани и кандидатите можеа да слободно да ја водат кампањата на претседателските избори, иако пристрасното и небалансирано известувње на медиумите и спојувањето на државните и партиските активности создаде небалансирано терен за политичка борба, стои во денешното соопштение на ОБСЕ по повод првиот круг од гласањето за шеф на државата.

Според ОБСЕ и покрај големиот број на медиуми, владејачката партија индиректно ги контролира медиумите преку огласувањето на Владата.

- Advertisements -

„Недостасуваше политичка анализа и независко известување, а јавниот сервис (н.з. МРТВ) известуваше небалансирано. Актуелниот претседател имаше видлива предност во ресурсите и доминаираше во платеното огласување. Владината недвосмислена поддршка на кампањата целосно не го почитуваше принципот на одвоеност на партијата и на државата“.

ОБСЕ забележува и случаи на организирано гласање, кои според организацијата фрлаат сенка врз генерално добро спроведениот процес на изборниот ден.

Поврзани новости