Обреновац најкритичен, има и жртви

by Фокус 11:21
11:21

Се уште не се знае точната бројка на мртви во Обреновац, кој моментално е најкритичната  точка во Србија, откако веќе неколку денови е зафатен со поплави. Според началникот на Секторот за вонредна ситуација, Предраг Мариќ веќе почнале да се изнесуваат безживотните тела на луѓето кои животот го загубија во поплавите.

– Дојде до пробивање на савскиот насип во должина од 100 метари. Доколку не се санира, а се работи на тоа, попладне во Обреновац, ситуацијата може да стане уште полоша и пострашна. За сега, реката Колубара се влива во Сава и тука е тој прекин од 100 метари. Тука е главниот проблем. Доколку тој дел не се санира, Сава ќе почне да го поплавува Обреновац – тврди Мариќ.

- Advertising -

Во Обреновац моментално има повеќе од 100 чамци, хеликоптери…Досега се евакуирани повеќе од 4.000 луѓе.

– Целата акција е организирана по пријава од граѓаните. Морате да разберете дека се работеше за илјадници луѓе и не можевме да стигнеме до сите. Приоритет ни беа тие на пониските спратови. Секако децата, трудниците и старите – истакна Мариќ.

 

Поврзани новости