ОБНОВЕНО Во штабот на ВМРО – ДПМНЕ се чекаат резултатите без еуфорија ФОТО

by fokus 22:35
22:35

Во изборниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ, за разлика од претходните изборни циклуси, нема еуфорија.

Досега никој не соопштува првични резултати од гласачките места, каде што води партијата. Во неофицијални разговори со партиски функционери и претсавници на ВМРО – ДПМНЕ, присутни вечерва во штабот, броењето на гласовите во првите неколку гласачки места покажува тесни резултати во општини каде што досега владејачката партија убедливо водеше, како на пример Штип. Владејачката партија според досега изброените гласови убедливо води во општината Илинден.

- Advertisements -

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски накратко се појави во прес центарот, но ниту тој не коментираше било што во врска со денешниот изборен ден.

Претходно, по завршувањето на гласањето Груевски рече дека изборите поминале во мирна атмосфера и оцени дека граѓаните ја имаат моќта во свои раце за да одлучат кој ќе ја води државата во иднина.

В.С.
 
 

Поврзани новости